Ето: ПСЖ може да успее, но Нејмар прво мора да поправи еден аспект од играта

Дерби

25/09/2018

18:46

1.660

Големина на фонт

а а а

Камерунската фудбалска легенда, Самуел Ето многу добро знае како се освојуваат титули во Лигата на шампионите со оглед на тоа што три пати го подигнуваше трофејот во ова натпреварување со Барселона (2) и Интер. Токму ЛШ е огромна желба на Пари Сен Жермен, клуб кој низ изминативе години вложи огромна сума на пари, ама никако не успева да направи исчекор.

Амбициите и за во оваа кампања се исти, но за да се случи тоа, да се направи успех Ето смета дека една од ѕвездите на „светците“ мора да биде подобра во еден аспект од играта. Станува збор за Нејмар кој е фантастичен во офанзивниот дел, но дефанзивата е дефинитивно голем проблем за него.

-Сакаме да видиме како Нејмар трча по дефанзивците и му помага на тимот. Кавани тоа го прави, ама нема вредност ако само еден играч така игра. Мбапе исто така тоа го прави, ама клучот е Нејмар. Ако тоа го направи ќе го следи целиот тим и ќе трча, -рече Ето и додаде:

-ПСЖ мора да игра како тим. Ако сите се бранат ќе имаат шанса да триумфираат. Франција победи на СП затоа што добро се бранеше, -истакна Камеруенцот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг