Лажни брадавици се "in": Бизарниот тренд од 90-тите, се враќа во мода

Кармин

25/09/2018

17:54

5.464

Големина на фонт

а а а

Во морето на носени и за пошироката публика привлечни трендови, секгаш постојат некои кои едноставно не ги разбираме.

Иако мислевме дека овој бизарен додаток ќе остане длабоко закопан во 90-тите, изгледа дека наглото враќање на модата од тие години, го донела и него. Станува збор за вештачки брадавици, односно налепници со сошиени шпицести монистри, кои ја играат улогата на брдавици.

Овој тренд бил покренат поради жените кои заболеле од карцином на дојка, што е многу благородно, но, овој додаток во најмал процент го користат токму тие жени.

Лажните брадавици, како што споменавме, најпопуларни биле во 90-тите, а најмногу ги паметиме од серијата "Friends", на која неодамна се присетивме, бидејќи наполнила 24 години од емитувањето на првата епизода. Џенифер Анистон била главна поборничка на овој тренд, па во сите 10 сезони, можевме да ги видиме нејзините лажни брадавици, кои се проѕираа од под маицата.


Американската компанија "Just Nips" е специјализирана за производство на лажни брадавици, а постојат дури во 2 величини со симболични називи: ладно и замрзнато.

Основачката на овој бренд, Моника Борман, истакнала дека со овој производ стигнува и упатство за како сами да направите преглед на дојките, со цел да се прошири свеста за ракот на дојката, што во секој случај е позитивна работа.

Но, прегледот кој сами ќе го направите, можете да го направите и без инвестирање во лажни брадавици. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk