Васоски: Не треба да живееме од минатото, мора да го победиме Силекс

Дерби

25/09/2018

17:32

1.800

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар игра добро на почетокот на оваа натпреварувачка сезоа и по првите шест рунди има четири победи и две нерешени средби.

Последниот триумф „црвено-црните“ го забележаа минатиов викенд во градската пресметка против Работнички, но време за одмор нема и веќе утре ги чека нов предвизвик против Силекс, предизвик на кој вицешампионот мора да одговори.

- Можам да бидам задоволен од досегашниот тек на првенството. Четири победи и две нерешени без пораз е добар скор. Освен оној, така да кажам, „кикс“ со Беласица, на другите натпревари постигнавме посакувани резултати. Меѓутоа јас би рекол дека не треба да живееме од минатото. Треба да гледаме само напред кон иднината, и веќе се подготвуваме за следниот натпревар со Силекс каде што треба да се продолжи со исто, па дури и со посилно темпо, - рече тренерот Александар Васоски.

- Секој натпревар е различен бидејќи играме со различен противник, и никого не потценуваме. Подготвени сме и на овој натпревар да одоговориме на предизвикот. Нормално дека посакуваме победа. Реков дека не треба да играме на историјата, не треба да се опуштиме бидејќи во фудбалот најважно е да останете концентрирани во секој момент. Така ќе биде нашиот пристап и на овој, и на сите натпревари до крајот и нормално нашата цел е на секој натпревар да одиме на победа, - заврши Васоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг