Што сè конечната верзија на iOS 12 им нуди на своите корисници

Точка

25/09/2018

16:50

2.781

Големина на фонт

а а а

Конечната верзија на оперативниот систем на Apple - iOS 12 станала достапна на 17. септември, носејќи бројни исправки, нови функции и подобри перформанси.

Иако изгледа идентично како и својот претходник, iOS 12 на корисниците им носи додатоци кои, меѓу другото, работата на постарите телефони на Apple jа прават многу побрза. Една од новините исто така е брзото префрлање на апликациите. 

Подобрен е системот за управување со шифри, па сега уредите ќе ги предупредуваат корисниците доколку користат една иста шифра за различни работи. Системот на корниците ќе им нуди креирање на нови и посилни шифри и ќе им предложи нивно складирање во "KeyChain".

Една од новините на iOS 12 е тоа што "FaceTime" им овозможува на корисниците да разговараат со 32 лица одеднаш. "FaceTime" во iOS 12 е интегриран во iMessage, а таа опција работи на iPhone, iPad и Mac.

Како што пренесуваат медиумите, групниот "FaceTime" не излегол со конечна верзија на iOS 12, но ќе биде достапен во вториот дел од есента.

Со новиот систем значително е унапредена апликацијата "Maps", така што се додадени детали како што се зеленило и знаменитости. Засега тоа унапредување им е достапно само на корисници од Сан Франциско, но наскоро ќе биде достапно и во северна Калифорнија, потоа насекаде низ САД и на крајот и во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг