Проект од епски размери: Објавени се деталите за новата ракета со која Илон Маск сака да го освои Марс

Точка

25/09/2018

18:19

3.990

Големина на фонт

а а а

Со ракетата Big Falcon Rocket до 2023-та година вселенските туристи ќе тргнат на пат кон Месечината, а конечната цел на Илон Маск е освојување на Марс.

Откако го испрати првиот автомобил во вселената, основачот на “Tesla Motors” и “SpaceX”, Илон Маск продолжува да работи на своите големи проекти со кои што ќе се обиде повторно да го воодушеви светот и да испише историја.

Неодамна Маск го претстави првиот вселенски патник на неговата компанија “SpaceX” – јапонскиот милијардер Јусакуа Маезава, кој за пет години би требало да полета на Месечината со новата ракета наречена Big Falcon Rocket.

Пред неколку месеци го видовме големиот цилиндричен алат со кој “SpaceX” ќе ја гради ракетата Big Falcon Rocket, а неодамна Маезава на Твитер објави фотографија на која што се гледаат делови од прототипот на ракетата.

Според гласините, новата ракета ќе биде базирана на напредни јаглеородни влакна кои се посилни од челик, иако имаат една петина од неговата тежина, а на “Science Alert” го опишаа и начинот на поставување на јаглеородните влакна на вселенското летало – роботи поставуваат слоеви на ленти од јаглеородни влакна кои се натопени со лепило како смола и се загреваат, со што се зацврстуваат формирајќи го трупот на Big Falcon Rocket.

Професорот по аеронаутика од факултет во јужна Калифорнија, Стив Нат, смета дека инжинерите на “SpaceX” применуваат посебен начин на лепење на јаглеородните ленти кој овозможува уште поцврста и погуста структура, иако се уште не му се целосно јасни методите со кои што се служат инжинерите на компанијата.

„Тие фотографии прикажуваат проект од епски размери“, изјави вселенскиот аналитичар Марко Касерес од “Teal Group”. Според него, во поглед на инжинерството, станува збор за најгоемиот проект уште од периодот на “Saturn V”, ракетата која што била развивана кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите за вселенската програма “Apollo” на НАСА.


Big Falcon Rocket се состои од два дела – 55 метарско вселенско летало и 70-метарски ракетен погон, а “SpaceX” моментално развива прототип на леталото чиј што развој е многу покомплексен во однос на ракетниот погон.

Главната цел на Илон Маск е новата ракета да може да долета на Марс, но не само тоа. Тој планира ракетата да биде во состојба повторно да полета од „Црвената планета“ и да се врати назад на Земјата.

Иако американската влада и вселенските компании не објавуваат никакви детали, тоа не е случај кога станува збор за “SpaceX” и Илон Маск. Многумина сметаат дека Маск исто така сака да привлече внимание, посебно кај инвеститорите затоа што за овој проект се потребни многу пари – Маск предвидува дека ќе бидат потребни вртоглави 5 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг