Погледнете како ќе изгледа внатрешноста на најлускузниот џип на БМВ

Точка

25/09/2018

17:33

4.626

Големина на фонт

а а а

Неколку седмици пред светската премиера на „Х7“ на БМВ, протекоа шпионски фотографии од внатрешноста на најголемиот и најлуксузен џип на баварската компанија.

Кожа, алкантара, дрвени детали и голема централна конзола – од прилика тоа е тоа што треба да се очекува од најлускузниот SUV кој наскоро ќе го претстави БМВ. Иако вратите се замаскирани, а на дисплејот е прикажан седан автомобил на БМВ, сепак јасно е дека станува збор за SUV возило со последната генерација на оперативниот систем кој што се наоѓа и во „Серија 8“.

На фотографиите може да се види и задната клупа која што има доста простор за патниците, а помалку изненадувачки е „обичниот“ изглед на вентилацискиот отвор, иако можно е тука да има и промени.


„Х7“ премиерно ќе биде претставен на саемот на автомобили во Лос Анџелес, а според досегашните гласини ќе пристигне во верзии со 3.0-литарски шестцилиндарски и 4.4-литарски твин-турбо V8 бензински агрегати, како и дизел верзија за одредени делови од светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг