Apple во изминатите години беше предмет на исмејување од страна на Samsung и останатите компании кои што недостатоците на телефоните на американскиот гигант често ги користеа во маркетиншки цели.
Минатиот петок Apple започна со продажбата на последната генерација на своите паметни телефони и како обично, пред продавниците се направија долги редови, па Huawei одлучи да го искористи тоа за да се пошегува на сметка на американската компанија.
Вечерта пред почетокот на продажбата на новите Ајфони, вработените на Huawei ги посетија фановите на Apple во Сингапур и им дадоа подароци – екстерни батерии за нивните телефони, укажувајќи на тоа дека батериите на телефоните на Apple траат прекратко.
Покрај во Сингапур, Huawei тргна во акција и во Лондон – таму не делеа екстерни батерии, туку пристигнаа со комби од каде што делеа свежи сокови. На луѓето кои што чекаа во ред за да купат некој од трите нови телефони на Apple, им делеа бесплатно сокови, а на маичките имаа натпис #higherintelligence, алудирајќи на пристигнувањето на новиот Mate 20 на Huawei кој ќе има напредна вештачка интелигенција.
We make juice that lasts… A #HigherIntelligence is coming. 16.10.18 pic.twitter.com/Pa2jIsZVkU
— Huawei Mobile UK (@HuaweiMobileUK) September 21, 2018
Да потсетиме, кинеската компанија во текот на последниот квартал го престигна Apple и го зазеде второто место на глобалниот пазар, па сега на врвот останува само Samsung. Наскоро ќе биде лансиран новиот Mate 20 со кој Кинезите ќе ги нападнат двете компании и ќе се обидат да се пробијат на првото место како компанија со најмногу продадени паметни телефони ширум светот.