Убавата актерка Пријанка Чопра, последниот месец не застанува. Откако прв пат се појави со својот вереник Ник Џонас на црвениот тепих, организираше прослава за неговиот роденден, а потоа неколку пати нѐ воодушеви со своите изданија во текот на модната недела во Њујорк.
Моментално се наоѓа во Италија, поточно на езерото Комо, кадешто е со семејството и вереникот и ужива во последните сончеви денови од летото.
За прошетка со својата мајка и брат, Пријанка одбрала прекрасен цветен жолт фустан, кој нѐ потсети на пролетта.
Овој ласкав фустан со преклоп, одлично ја истакнал витка фигурна на Пријанка, и тенкиот струк, околу кој ставила портокалов ремен. Чевлите кои ги носела, исто така биле во портокалова боја, а ташната, која била во боја на фустанот, на оваа дневна комбинација ѝ дала дополнителна доза елеганција. Од накит најмногу се истакнувал нејзиниот веренички прстен, а дискретното дијамантско ланче било идеален избор за суптилно нагласување на деколтето.