"Крвавата Џина" открила која е новата главна задача на САД: "Се враќаме кон традиционалната шпионажа, оваа земја нѝ е мета"

Точка

25/09/2018

16:41

3.544

Големина на фонт

а а а

Главната шпионска агенција на САД се спрема да го зголеми присуството ширум планетата за да ги елиминира т.н. "разузнавачки дупки" и да одговори на "се' поголемите закани од големите сили како Русија и Кина".

Директорот на ЦИА, Џина Хаспел која поради мачењето на затворениците ја нарекуваат "Крвавата Џина", повикала на пресврт од контратероризам кон традиционална шпионажа против одделни држави-нации со "стратешки приоритет", наведувајќи дека потребата за добивање подобри разузнавачки податоци за сегашни и потенцијални американски ривали е меѓу "најтешките прашања" со кои се соочува шпионската агенција. 

"Го зголемуваме фокусот на противниците од државите-нации", изјавила Хаспел во понеделникот во обраќање на својот некогашен факултет - универзитетот Луивил - во првиот јавен настап откако во мај положила заклетва како директорка на ЦИА.

Хаспел изјавила дека е решена да го зголеми бројот на агенти кои се стационирани во странство бидејќи смета дека поголемото присуство во странските земји овозможува помоќна и подобра положба.

Во рамки на оваа иницијатива, Хаспел навела дека Агенцијата се надева на регрутирање на повеќе лица кои говорат странски јазиици, помеѓу останатите вработени кои течно зборуваат кинески, арапски, фарси, турски, француски и шпански јазик.

Коментарите на Џина Хаспел ги одразуваат приоритетите кои кон крајот на минатата година беа изнесени во пошироката американска Стратегија за национална безбедност, а која предвидува американски одговор на потезите на различни непријатели, предизвикани за да се промени глобалната рамнотежа на моќ на штета на САД.

Директорката на ЦИА изразила посебна загриженост во поглед на Кина, за која рекла дека "работи на тоа да го намали американското влијание со цел да ги спроведе сопствените цели".


"Внимателно ги следиме случувањата кои нѝ делуваат како обид на Кина да го прошири влијанието надвор од сопствениот регион, во места како што се Африка, Латинска Америка и Јужна Азија", изјавила таа.

"Крвавата Џина" навела и дека ЦИА е загрижена поради некои тактики кои тие ги користат, нудејќи им инвестиции и заеми на сиромашните земји кои можеби нема да можат да ги вратат.

"Сакаме тие земји да бидат свесни за сопствениот суверенитет и за тоа дека странските инвестиции во нивната структура и инфраструктура можат да доведат до загрозување на тој суверенитет", истакнала Хаспел.

Помеѓу приоритетите на својата агенција, директорката го навела разновидниот тим во смисла на регрутирање и задржување на најдобрите и најперспективните луѓе кои Америка може да ги пружи, без разлика на полот, расата или културолошко потекло. Во тоа спаѓаат и борбата против трговијата со друга, при што ЦИА навела дека ќе вложи значајно повеќе средства во сузбивање на наркотиците во странство, и внимателно следење на "иранските злочудни активности во регионот", а приоритетите на самата агенција се транспарентност и морал. 

Пред да е потврдена за директорка на ЦИА, Хаспел била предмет на остри критики поради нејзината улога во супервизија на тајниот центар за испитување на затвореници во Тајланд и учество во уништување на снимките од тие испитување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг