На модната ревија во Милано се појавила манекенка со три гради и ги шокирала присутните

Кармин

24/09/2018

16:12

5.025

Големина на фонт

а а а

Модели со три дојки ја одбележаа ревијата на модниот бренд "GCDS", на модната недела во Милано.

Овој бренд ја покажал својата модна колекција "rave-ready", преку модели кои носат вештачки гради, кои ѕиркаат од под спортскиот градник.

Бизарниот тренд потсетува на трите гради кои ги имала актерката Лиција Наф, во филмот "Total Recall", од 1990-та година, во кој главна улога ја имал Арнолд Шварценегер.


Заедно со третата града, моделите носеле чизми со должина до колената или сандали со висока платформа. Колекцијата за претстојната сезона пролет/лето 2019-та година е претставена на пистата која била осветлена со неонски знаци на кои пишувало "GCDS Corp е вашиот единствен Господ". GCDS е акроним од целосниот назив "Господ не може да го уништи Streetwear", а брендот е од италијанско потекло.


Овој бренд стана еден од најбараните брендови на денешницата, благодарение на својата иконска графика и впечатливи слогани, како и необичната адаптација на женското тело. GCDS исто така ја прикажале и својата колекција со чевли и ташни со ликови од Покемон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk