Сè што мразевме во деведесеттите, сега е моден хит: Еве како да ги носите петте популарни бјути трендови без да изгледате смешно

Кармин

24/09/2018

09:56

6.375

Големина на фонт

а а а

Освен во модата, деведесеттите години на минатиот век се вратија на голема врата и во светот на шминката, а помеѓу нив се најдоа неколку бјути трендови кои ќе бидат вистински хит оваа есен.

Сина сенка за очи

Најпопуларниот тренд во светот на шминката во деведесеттите дефинитивно беше сината сенка за очи која многу дами ја одбегнуваа токму поради нејзината прашеста и бледа текстура. Но денес, сините сенки се поквалитетни и со подобар пигмент и доаѓаат во многу нијанси кои можат да се вклопат во бројни комбинации. Доколку планирате да носите сина сенка за очи, искомбинирајте ја со дискретен беж кармин и тенко исцртан ајлајнер на очните капаци.

Кафеав кармин

Кафеавиот кармин е повторно во мода, а оваа нијанса ја воведоа многу брендови во своите колекции. Во деведесеттите, ваквиот кармин можеби изгледаше лошо, но денес може одлично да се искомбинира на различни начини, како на пример со бронзена металик сенка за очи.

Светки за тело

Светките за тело беа популарни пред речиси 25 години, а ги носеа познатите личности како Бритни Спирс на своите настапи. Но, со текот на годините, опсипувањето на телото со светки стана поумерено и поелегантно бидејќи денес на пазарот постојат разни лосиони и масла со светки кои можат да ѝ подарат доза на елеганција на вашата кожа.

Темно моливче за усни

Темната нијанса на моливче за усни во комбинација со посветол кармин ги одбележа деведесеттите години, но овој тренд со текот на годините доби многу подобра варијанта. Станува збор за т.н. "омбре" ефект со кој ги контурирате усните со потемно моливче, а ги пополнувате со посветол кармин во слична нијанса и ги измазнувате краевите со цел да добиете "омбре" ефект без остар контраст.

Темен израсток на косата

Во текот на деведесеттите можеби овој тренд изгледаше неуредно, но денес е многу тренди и баран во фризерските салони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk