Поради своето изразено шесто сетило, овие знаци на зодијакот често предвидуваат одредени ситуации во животот, лесно ги читаат луѓето и често го гледаат тоа што другите не можат.
За нив често велат дека се најемотвниот знак, но и најманипулативниот. Иако знаат да играат на картата-чувства, Рибите всушност се едни од најмудрите знаци. Нивната спиритуалност и посебен начин на перцепција, им помага некои работи да ги видат со голо око, кои другите луѓе едноставно не можат да ги видат. Нивната фантазија, креативниот ум и мистериозноста, им помагаат да разликуваат многу работи во животот.
Додека ги критикуваат за одмаздливиот и мрачен ум, Шкорпиите газат храбро во животот и секогаш одат докрај. Во тоа им помага нивната изразена интуиција и често сами чувствуваат кои чекори треба да ги направат во животот и кога е вистинско време за нив.
Во случај да го слушаат своето шесто сетило, кое е навистина многу изразено, во состојба се да направат голем успех во животот. Сепак, советот е секогаш да играат фер и да бидат рационални во своите желби.
Луѓето родени во овој знак се во состојба да "никнат" во вашата душа, а во тоа им помага емпатијата. Од друга страна, иако се многу емотивни, кога ќе се потпрат на својата интуиција, можат да изградат одлични односи со луѓето и опкружувањето. Наместо да се тргаат од светот, што често знаат, треба само повеќе да го слушаат внатрешниот глас и да му се препуштат на животот, бидејќи тие навистина спаѓаат во еден од најинтуитивните хороскопски знаци.