БМВ започна постепено да ја открива новата Серија 3

Точка

21/09/2018

16:42

2.804

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител објави „тизер“ фотографии со кои што ја најавува премиерата на новата генерација од својот најпродаван модел - Серија 3.

Како ќе изгледа новиот БМВ Серија 3 ќе дознаеме во следните неколку дена, со оглед на тоа што се очекува автомобилот да дебитира на Саемот за автомобили во Париз на почетокот на октомври.

Досега, новата „тројка“ на БМВ беше прикажана на фотографиите со маскирна фолија, а на најновиот „тизер“ автомобилот е прикажан со вклучени предни светла под прекривка која се користи за време на претставувањата на автомобилите.


Сепак, фотографијата доволно отркива како ќе изгледаат предните светла и маската, а на “BMW Blog” пишува дека станува збор за високоперформансната верзија “M340i” која ќе биде позиционирана веднаш под спортскиот топ модел “M3”.

Според неофицијалните информации, новиот “M340i” под хаубата ќе има шестоцилиндарски 3.0 турбо бензинец со околу 380 коњски сили, а силата ќе се пренесува на сите четири тркала со помош на системот “xDrive” и 8-степенскиот автоматски менувач.


Новата Серија 3 на баварски БМВ ќе има подобри аеродинамички карактеристики во однос на актуелниот модел благодарение на намалениот коефициент на отпор на воздухот (0,23), додека масата на возилото ќе биде помала до 55 килограми во зависнот од верзијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг