Кендал Џенер ги носи најлудите каубојски чизми кои некогаш сме ги виделе

Кармин

21/09/2018

15:25

4.425

Големина на фонт

а а а

Манекенката Кендал Џенер обожува ексцентрични дневни комбинации, а тоа го потврди и со последниот стајлинг.

За првиот ден од модната недела во Милано, изгледа дека била инспирирана од Дивиот Запад, бидејќи прошетала во многу храбри каубојски чизми во сина боја.

Остатокот од нејзиниот аутфит бил прилично едноставен, а забавата почнува под нејзините колена.


Комбинацијата од бела маица на прерамки и кратки црни панталони, ја зачинила со ретро сако, кое на овој аутфит му дава доза елеганција, додека ташната од модната куќа "Balenciaga", украсена со графити ѝ дала доза на откаченост.

Кендал често во калсичните дневни комбинации, вклучува и некои луди модни додатоци, како огромни ремени и необични чизми, со кои неодамна се појавила во Њујорк. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk