Оскаровката признала: "Имам направено пластични операции и сега жалам поради тоа"

Кармин

21/09/2018

14:34

2.402

Големина на фонт

а а а

Иако за нејзините естетски зафати се шпекулираше со години наназад, американската актерка Џејн Фонда дури сега решила јавно да проговори за сето тоа.

80-годишната актерка и активистка, која е позната и како љубител на фитнесот, неодамна признала дека направила одредени пластични операции. Оскаровката истакнала дека тоа го направила со цел да го ублажи својот уморен изглед. 


"Драго ми е што изгледам добро за своите години, но имам направено пластични операции. Нема да лажам. Ми здодеа да изгледам како постојано да сум уморна, дури и кога не сум", изјавила таа.

Сепак, Фонда напоменала дека не е горда што го коригирала своето лице на овој начин.


"Од една страна го мразам фактот што сакав физички да се променам за да се чувствувам добро. Би сакала да не е така. Сакам постари лица, лица кои се "живи". Го сакам лицето на Ванеса Редгрејв, би сакала да бидам похрабра, но не сум".

Џејн и во осумдесеттите години од животот е посветена на вежбањето, но сега бира нешто помалку напорни тренинзи како пилатес.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk