Прв пат после венчавката: Мајката на Меган Маркл се појавила на настанот на својата ќерка

Кармин

20/09/2018

21:23

3.256

Големина на фонт

а а а

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, денес во дворот на Кенсингтонската палата, ја претставила својата хуманитарна книга за готвење "Together: Our Community Cookbook". Приходите од оваа продажба ќе бидат донирани во јавните кујни.

За првиот сопствен настан, членката на кралското семејство Меган Маркл, одбрала син кралски капут, од модната куќа "Smythe", под кој носела топ без ракави, од брендот "Tuxe", црно плишано здолниште од дизајнерката Мише Ноно и класични црни салонки.


Овојпат, со неа не бил само принцот Хари, туку и нејзината мајка Дорија Рагланд, која исто така изгледала многу отмено, но, како и секоја мајка, се обидела да не ја засени својата ќерка.

Дориа носела беж џемпер, пантолони и салонки во иста нијанса, преку рамена ставила шал, а целиот изглед го заокружила со висок реп.


На мајката на Меган, ова ѝ е прв настан и официјално јавно излегување со ќерката, после кралската венчавка, која беше во април оваа година, но, со оглед на тоа дека планира да се пресели во Лондон, веруваме дека во иднина ќе ја гледаме почесто.

Принцот Хари, на претставувањето на книгата, носел сиво сако и бела кошула, која на врвот ја откопчал, а овој прилично лежерен аутфит го надополнил со фармерки и кафени чевли. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk