Знаци кои укажуваат дека сте го освоиле "господинот совршен"

Кармин

20/09/2018

19:57

1.922

Големина на фонт

а а а

Некои момци едноставно се родени за да освојуваат жени. Сигурно познавате барем еден фраер кој со таква леснотија одбира девојки и успева долгорочно да го задржи нивното внимание, па во одреден момент сте почнале да му завидувате.

Ако забележите дека и вашиот партнер ги има следните квалитети, мораме да ви кажеме дека сте наишле на господинот совршен.

1. Флексибилност

И притоа, нормално, не мислиме на физичка флексибилност (иако и тоа си има свои предности). Момците кои знаат да се носат со неочекувани промени и зрело реагираат на нив, на многу жени им се неодоливи и вистински материјал за долготрајна љубовна врска.


2. Обзирност

Момчето кое ја става својата девојка на прво место, покажува колку му е грижа за неа, што и неа многу брзо ѝ дава сигурност и животна потпора. Тие работи се гледаат преку големите гестови, но и преку ситниците како отворање врата и извекување на столчето.

3. Самопочитување

Овде секако не мислиме на преголема самодоверба, која преоѓа во класичен егоизам. Момчето кое се цени себеси како личност, знае да ги цени и другите и не дозволува со нив да се манипулира. Нема да се фали самиот себе, но ќе биде горд на добро завршената работа и ќе се стреми кон перфекционизам, за да ве усреќи и направи горди.


4. Прифаќање на вината

На многу момчиња гордоста им е голема препрека, бидеќи многу често не сакаат да превземат одговорност за своите постапки и им ја префрлаат вината на другите. Момчето кое учи од сопствените грешки и стои позади своите дела е личност која треба да ја цените и која ќе ве цени вас. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk