"Ова е морничаво": Познатата тенисерка на мета на критики поради новата фотографија

Кармин

20/09/2018

15:32

6.029

Големина на фонт

а а а

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ на својот Инстаграм профил објавила своја фотографија со сопругот, а нејзините верни следбеници забележале еден детаљ поради кој ѝ упатиле бројни критики.

Освен во спортот, Ана Ивановиќ стекна одлична репутација и во светот на модата и поради својата убавина, таа се појавува во низа модни кампањи и реклами за најпознатите светски модни куќи. 

Сопругата на Бастијан Швајнштајгер воедно се смета за една од најубавите жени на светот, која се истакнува со природната убавина, убавото држење и манирите.

Сепак, иако редовно добива грст комплименти на сметка на својот изглед, Ана со последната фотографија ги загрижила своите обожаватели. Некогашната тенисерка објавила фотографија со својот сопруг, на која носи кратко здолниште поради кое многумина забележале дека таа драстично ослабнала.

"Ана, морничаво си ослабната, јади нешто", "Накачи некој килограм" и "Премногу си слаба" се само дел од коментарите кои се нашле под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk