Запознајте се одблизу со храната на 21 век: Про Фит на Health, Fitness & Wellness Expo

Точка

21/09/2018

11:00

4.750

Големина на фонт

а а а

Оваа година, на Health, Fitness & Wellness Expo ќе може да се дружиме и да се запознаеме одблизу со Про Фит, брендот кој ги донесе NuMe и Life Nutrition на нашиот пазар. За многумина познат, Про Фит речиси две години се грижи за нашето здравје и нашиот изглед.

Станува збор за нутриционистички програми кои секојдневно го олеснуваат животот на многумина во борбата со вишокот килограми, како и на оние кои се стремат кон здрав начин на живот.

Со помош на оваа храна денес луѓето, без посебни потешкотии и на здрав начин ја намалуваат прекумерната тежина, ги менуваат своите прехрамбени навики на долгорочен план и го подобруваат своето здравје и секојдневно функционирање. Кога станува збор за хранливите вредности, дури и оние кои немаат проблем со вишокот килограми, консумирајќи ја оваа храна му даваат на своето тело токму она што му е потребно.

Имено, храната од асортиманот на NuMe и Life Nutrition се базира на високо количество на протеини, особено NuMe, во чија основа е колагенот. Количеството на јаглехидрати е сведено на минимум, не содржи ГМО и е клинички докажана и одобрена. NuMe и Life Nutrition изобилуваат со најразлични видови на оброци кои се многу едноставни за подготовка, додека пак дел од нив се веќе подготвени и можете да ги носите секаде со себе и да ги консумирате во било кој период.

На големо задоволство на гурманите и љубителите на храна, особено оние кои обожуваат грицки, чипсови и слатки, овие нутриционистички програми нудат шејкови во повеќе вкусови, пудинзи, протеински кранчови, протеински чипсови, палачинки, протеински бисквити, супи и уште многу други оброци кои одговараат на сечиј вкус.

На Health, Fitness & Wellness Expo ќе имате прилика да се запознаете подобро со придобивките од оваа храна и резултатите кои може да се постигнат од истата. Тимот на Про Фит ќе ви овозможи да се информирате повеќе околу начинот на консумирање на храната, да добиете бесплатни совети околу тоа што поконкретно вам ви одговара доколку се стремите кон некоја цел и имате желба да промените нешто кај себе. Исто така, ќе можете да ја дегустирате храната од програмата на NuMe  како и најбараните чипсови, бисквити, кранчови или наполитанки од линијата на Life Nutrition и да добиете некоја награда или пак ваучер. Во оваа прилика Про Фит ви нуди -20% намалување на цените на асортиманот кој ќе биде изложен.

Во концептот на овој настан, чиј фокус е здравиот животен стил, совршено се вклопуваат производите од програмите на NuMe и Life Nutrition бидејќи тие се во целост еко-продукти, почнувајќи од пакувањата, материјалите употребени за изработка, па се до храната. Наместо влезница на ова Expo ќе може да донесете 4 пластични шишиња, 4 батерии или 4 кг. хартија бидејќи оваа година се е во знакот на #4.

Во организација на Health, Fitness & Wellness Expo, присутните ќе може да учествуваат во неколку игри и натпревари, меѓу кои и Народна, а Про Фит на некои од учесниците ќе им додели дел од своите производи. Повелете на дружба овој викенд, од 21.09 - 23. 09 во Градскиот парк, каде ќе имате шанса да дознаете нешто повеќе, да ја дегустирате храната и можеби овој викенд ќе биде почеток на вашата трансформација кон поздрав и посреќен живот. Повеќе информации може да добиете на овој ЛИНК. Се гледаме на Health, Fitness & Wellness Expo!



Спонзорирани линкови

Маркетинг