Аривабене: Победникот заслужи да победи

КРУГ.МК

18/09/2018

15:39

931

Големина на фонт

а а а

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, го прифати поразот и истакна дека Луис Хамилтон заслужил да победи на Сингапурското Гранд При, откако одлуката на нивната екипа да бидат агресивни имаше негативен исход.

Фетел беше првиот од челните тројца кој влезе во бокс, од втората позиција, откако го претекна Макс Верстапен на почетокот на трката. Раното влегување во бокс го стави во лоша позиција, а Ред Бул тоа го искористија и ја вратија позицијата.

Додека Верстапен излезе од боксот неколку кругови подоцна, тој имаше доволно предност да се врати на второто место, а тој поредок остана до крајот на трката. По трката, Аривабене, не бараше оправдувања и призна дека подобриот човек победил.

„Денешниот победник заслужи да победи. Откако Себастијан го претекна Верстапен, ние се обидовме со агресивна стратегија со цел да излеземе на чело преку ултрасофт пневматици.

За жал, во текот на едниот круг кој беше критичен, се најдовме себеси позади други болиди и не успеавме да возиме доволно брзо. И покрај резултатот, ништо не е изгубено.

Сега, смирено и посветени, ќе нападнеме на следните шест трки, ќе се бориме до крајот“, вели Аривабене.



Спонзорирани линкови

Маркетинг