Алегри објасни зошто Дибала не е во прв план во Јувентус

Дерби

15/09/2018

15:34

3.243

Големина на фонт

а а а

Во изминативе неколку дена се крена голем прав околу Пауло Дибала и неговите чести оставања на клупата за резерви, а откако вчера со доста жестока забелешка излезе Андреа Пирло, денеска пристигна објаснување од самиот Масимилијано Алегри за отсуството на младиот Аргентинец во стартната постава.

Тренерот на италијанскиот шампион денеска ја одржа прес-конференцијата во пресрет на утрешниот меч со Сасуоло на домашен терен, а голем број од прашањата кои ги доби беа поврзани токму за Дибала и неговата слаба минутажа на стартот на новата сезона.

– Тој не играше на минатите натпревари од стартот поради моите тактички одлуки. Квалитетот на Пауло никогаш не е доведен во прашање, но јас морам да изберам само 11 играчи и дополнителни три кои ќе влезат од клупата. За среќа, отсега ќе играме по три меча во една седмица, а Пауло треба да докаже дека заслужува место во стартните 11. Тоа е она за кое треба да работат сите, нема исклучок за никого. Кога има толку многу голем талент во еден тим, некој мора да извиси и да остане на клупата, – порача Алегри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг