Австрија и Италија предложуваат избор на мигранти за азил додека се уште на бродовите

Точка

14/09/2018

18:30

1.416

Големина на фонт

а а а

Европските власти би требало да одлучат на кои мигранти ќе им дозволат барање на азил уште додека се наоѓаат на спасувачките бродови во Средоземното море, изјавиле австрискиот и италијанскиот министер за внатрешни работи.

"Добро се згрижени на нашите бродови", им рекол на новинарите австрискиот краен десничар и министер Херберт Кикл по состанокот за европската миграција. 

Ваквата процедура би имала "поволна нуспојава", бидејќи бродовите би биле надвор од погон додека мигрантите се процесуираат, додал тој.

Неговиот италијански колега, Матео Салвини, рекол дека се согласува со предлогот, но предупредил дека би "можеле да бидат обвинети за чување на луѓето во заробеништво".

Според податоците на Меѓународните организации за миграција, од почетокот на годината околу 74.500 мигранти влегле во Европа преку Медитеранот, а во истиот период минатата година имало 129.000.

На италијанските пристаништа во последните години пристигнале стотина илјади мигранти, па новата влада во која министер е Салвини, сега бара од ЕУ мигрантите рамномерно да ги прифатат другите земји членки.

Италија до 2014. година примила околу 640.000 мигранти, а моментално "се грижи" за 170.000 луѓе, во главно од Африка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг