Близначките Џилијан и Ејлен Рејхерт се вљубеници во фитнесот кои на Инстаграм ги следат повеќе од 66.000 луѓе.
На таа социјална мрежа редовно објавуваат фотографии од своите истренирани тела и споделуваат совети за исхраната и вежбите за тело, но неодамна одлучиле да покажат колку светлината може да влијае на изгледот на телото на една фотографија.
"Претходно избегнувавме сонце во текот на фотографирањето, бидејќи го нагласува целулитот и стриите. Но, сега го сакаме нашето тело во секое светло. Нема повеќе криење на нешто што е природно. Ги сакаме нашите тела и носиме која било облека во било кој дел од денот", напишале тие.
"Вистинска инспирација е да се гледаат така прекрасни жени и да споделуваат толку природни фотографии", "Ова е важна порака, секоја чест", беа дел од некои од коментарите.