ВМРО-ДПМНЕ: Заев мотивира менаџери на компаниите да ветуваат плати за да ги поткупат работниците да гласаат на 30 септември

Макфакс

13/09/2018

19:36

1.010

Големина на фонт

а а а

Срамно е до толку да ги потценувате граѓаните. Недостасува уште СДСМ да дополнеше во реакцијата дека Заев кога барал поткуп од „едно евро за Вицето“ всушност сакал да му помогне на бизнисменот Сачавалиев да не ги истроши своите пари на нешто што не му е неопходно, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целата јавност виде како Заев поттикнува купување гласови. Целата јавност виде дека глас за бришење на името Република Македонија, промена на идентитетот и откажување од вековното наследство, според Заев, тежи 100 евра.

Зоран Заев јавно стори кривично дело. Заев мотивира и поттикнува менаџери на компаниите да ветуваат плати и да го „одврзат ќесето“ за да ги поткупат работниците да гласаат на 30 септември. Заев ги повика, тие да ветуваат или даруваат подарок или друга материјална корист во замена на избирачкото право на работниците. Тоа е корупција, тоа е криминал, тоа е тешко кривично дело за кое следи затворска казна“, се вели во реакцијата на партијата.

Јавното обвинителство, како што се наведува во соопштението, не смее да молчи ниту да подлегне под притисокот на криминалниот картел на власт и мора да поведе постапка за вакво сериозно криминално дело, за кое има и јавно признание. Граѓаните не го поддржуваат капитулантски договор на Заев и време е тој да понесе одговорност за антидржавните политики и да си замине, порачаа од опозициската партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг