Дибала го напушта Јувентус? Алегри глуми некој голем тренер...

Точка

13/09/2018

16:02

1.814

Големина на фонт

а а а

Пауло Дибала не добива голема минутажа од Масимилијано Алегри – аргентинецот оваа сезона на првите три натпреари како стартер настапи само еднаш, а еден натпревар и целосно го пропушти.

Поради тоа, италијанските медиуми шпекулираат дека поради лошите односи кои што наводно Дибала ги има со Алегри, тој најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Дека за Дибала вистински потег би било заминувањето од Торино, уверен е претседателот на неговиот поранешен клуб Палермо, Маурицио Зампарини кој жестоко го нападна тренерот на Јувентус.

„Ми доаѓа да заплачам секогаш кога Дибала ќе остане на клупата. Тоа е поради Алегри кој што глуми дека е голем тренер. Нека дојде во Палермо и нека го освои Скудетото. Лесно е да го направи тоа со Јувентус“, изјави Зампарини и додаде:

„Верувам дека Дибала ќе се пресели во Шпанија во јануари. Штета е да се гледа да не игра еден таков феномен како него“, изјави Зампарини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг