Познатата актерка отворено за траумите од минатото: Очувот сексуално ја злоставувал, имала абортус во тајност

Кармин

13/09/2018

09:02

2.633

Големина на фонт

а а а

Во мемоарите "In Pieces" кои наскоро ќе бидат објавени, актерката Сали Филд одлучила да ја отвори душата и да проговори за најтешките денови од нејзиното детство и младоста.

Таа до детали опишала како нејзиниот очув Џок Махони сексуално ја злоставувал и дека на 17 години имала таен абортус во Мексико. Во интервјуто кое го дала за "New York Times", најавувајќи ја оваа книга, таа рекла дека сите овие години молчела за искуствата низ кои поминала бидејќи не знаела дали воопшто има сила да зборува. 


Сали во мемоарите напишала како очувот ја повикувал во својата соба кога таа била сама. "Знаев што следува", напишала актерката и признала дека тоа се случило повеќе пати.

"Се чувствував чудно, некогаш како дете, а некогаш и како возрасна личност, но се' што сакав е да бидам само дете", изјавила Сали. Таа ѝ ја раскажала целата приказна на својата мајка во 2012 година, откако дознала дека ја добила улогата во филмот "Lincoln" на Стивен Спилберг.


Нејзината мајка се развела од нејзиниот татко Ричард во 1951 година, а една година подоцна се премажила за актерот Џок Махони, познат по улогата во филмот "Tarzan Goes To India".

Во животот на Филд се случила уште една траума - абортус кој го извршила во 17-тата година од животот во мексиканската Тихуана. Но, подоцна Сали сепак ја пронашла среќата во љубовта - таа зад себе има два брака од кои има тројца синови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk