Неверојатен пресврт: Тери ги шокираше челниците на Спартак Москва со својата одлука

Точка

13/09/2018

11:07

1.281

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Џон Тери ја продолжува кариерата во Спартка Москва, а и самиот клуб потврди дека трансферот на искусниот дефанзивец е завршена работа.

Навивачите на рускиот клуб веќе го прославија неговото доаѓање, меѓутоа синоќа пристигнаа непријатни вести за нив од Англија. Џон Тери се премисли, а тоа го соопшти на својот профил на Инстаграм.

„После неколку дена размислување, одлучив да ја одбијам понудата на Спартак Москва. Сакам да им се заблагодарам на понудата и да им посакам се најдобро во иднина. Тие се амбициозен клуб и импресиониран сум колку се професионални. Сепак, после разговорите со семејството, сфативме дека тоа не е тоа што го сакаме во овој момент“, изјави Тери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг