Страшна исповед на славниот фудбалер: Потпишав за Манчестер Јунајтед, а потоа бев застрелан во глава! Сега продавам леб

Точка

12/09/2018

21:06

8.085

Големина на фонт

а а а

Парагвајскиот фудбалер Салвадор Кабањас бил блиску до преминување во Манчестер Јунајтед, но бил застрелан во глава.

Кабањас бил еден од најдобрите напаѓачи во Јужна Америка кога се судрил со мексикански нарко дилер, кој во еден клуб го застрелал во глава. 

Парагваецот успеал да се опорави од ранувањето, дури и да му се врати на фудбалот две години подоцна, но никогаш не ја достигнал формата која го довела на прагот на "Old Traford".

"Потпишав предговор за 1,3 милиони фунти за трансфер во Европа. Ми кажаа дека одам во Манчестер Јунајтед", рекол Кабањас за "Телефутуро" и додал:

"Мојот тогашен клуб Америка ми ја дуплираше платата, ми даде стан во Акапулко и уште еден во Канкун за да ме задржи".

Меѓутоа, на 25. јануари 2010. година, само два месеци откако со голот во Венецуела го одвел Парагвај на Мундијалот, во еден бар дошол во судир со мексиканскиот нарко бос Хозе Гарза и добил куршум во главата.

Судбината сакала тогаш 29-годишниот Кабањас да преживее, а лекарите и денес го сметаат за медицински феномен, бидејќи куршумот и натаму е во неговата глава. Кога се случила трагедијата, Салвадор играл за Америка, каде дошол во 2006. година за три милиони евра по сезона, а една година подоцна бил прогласен за најдобар играч во Јужна Америка.

До несреќниот настан имал 44 настапи за Парагвај и дал 10 гола, а за петте клубови во кои играл стрелец бил 174 пати.

Меѓутоа, по ранувањето се тргнало на лошо за Кабањас. Сопругата го оставила и ги одвела децата, а му ја земала и куќата, вредна девет милиони евра.

"Кога играш, ѕвезда си, а кога не играш, на никого не му е грижа за тебе. Тоа е тажно. Бев идол во Парагвај, никој од Сојузот или од репрезентацијата не ми помогна".

Салвадор му се вратил на фудбалот во 2012. година, но настапувал во третата парагвајска лига, па единствена шанса за пристоен живот му била да се вработи во пекарата на својот татко, како разнесувач на леб.

"Луѓето ме препознаваат кога им носам леб и ме распрашуваат...Им велам дека сум среќен што сум жив и се обидувам да закрепнам. И натаму верувам, иако изгубив се", рекол Салвадор Кабањас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг