Могерини во Скопје на средби со државниот врв

Макфакс

12/09/2018

21:04

2.369

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија, Федерика Могерини, утре ќе престојува во Скопје и ќе има средби со македонскиот државен врв.

Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот Ѓорѓе Иванов и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Владината прес-служба соопшти дека Могерини и Заев ќе ја посетат Турската Чаршија.

Од кабинетот на Могерини соопштија дека на средбите ќе се разговара за иднината на односите и перспективата на интеграција на земјата во ЕУ. Посетата на Могерини е во пресрет на референдумот што ќе се одржи на 30 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг