Адвокат ги тужеше „Фејсбук“ и Нетанјаху поради Сорос

Макфакс

12/09/2018

20:58

1.601

Големина на фонт

а а а

Израелски адвокат ги тужеше премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и компанијата „Фејсбук“ затоа што ширеле лажни вести за соработката на Џорџ Сорос со иранскиот режим.

Нетанјаху на својот профил на „Фејсбук“ сподели текст од весникот „Израел хајом“ во кој е наведено дека министерот за надворешни работи на Иран, Мухамед Џавад Зариф, соработува со некоја од фондациите на Сорос. Во текстот се наведува дека Зариф рекол дека соработката почнала пред да стане министер во 2013 година и дека успеал соработката да биде регуларна.

Адвокатот Шахар Бен Меир вели дека текстот е неточен, а таквите тврдења ги заснова на извештаи на новинари од израелската телевизија „Канал 10“. Новинарот Надав Ејал во низа твитови ги претставил грешките во текстот и влегол во трага на погрешни информации кои изгледа потекнуваат од лош превод на една израелска веб-страница. Истражувањето на новинарот покажало дека иранскиот режим никогаш не потврдил дека соработува со Сорос.

Адвокатот го обвинува Нетанхају дека ширел фалсификувани, лажни и апсурдни вести на „Фејсбук“ од споменатиот весник, кој според него, е жална и ефтина пропаганда. Според адвокатот, целта на ваквата лажна вест била да се навреди Сорос.

„Посебно е проблематично тоа што сопственикот на профилот е премиер на Израел“, навел адвокатот.

Бен Мери рекол дека пред повеќе од една недела го контактирал „Фејсбук“ барајќи да го отстранат постот, но тоа уште не е направено. Тој тврди дека „Фејсбук“ го прекршил договорот за спречување на ширење на лажни вести.



Спонзорирани линкови

Маркетинг