Курц бара објаснување по повод апсењето на австрискиот новинар во Турција: Или кажете зошто е обвинет или веднаш ослободете го

Точка

12/09/2018

20:14

1.683

Големина на фонт

а а а

Австрискиот канцелар Себастиjaн Курц побарал денес од Турција да изнесе детали за апсењето на австрискиот новинар Макс Цирнгаст или да го ослободи.

"Очекуваме од Турција веднаш да објасни за што е обвинет новинарот, а доколку тоа не е возможно, веднаш да го ослободи", им рекол Себастиjaн Курц на новинарите во Виена. 

Цирнгаст е приведен во Анкара вчера наутро со уште неколку луѓе.

Крајно левичарското списание на германски "Револт", со седиште во Швајцарија, чиј соработник е Цирнгаст, соопштилo дека новинарот уште не е официјално обвинет. Цирнгаст пишувал за турскиот судир со забранетата Работничка партија на Курдистан. 

Весникот навел дека новинарот е "добро со оглед на околностите".

Претставникот на ОЕБС за слобода на медиумите, Арлем Дезир, вчера го осудил приведувањето на австрискиот новинар во Турција.

"Тој наводно е уапсен по обвиненија поврзани со тероризам за статиите кои ги напишал. Новинарите не треба судски да се гонат поради нивната професионална работа. Ги повикувам властите да го ослободат", напишал Дезир на својот профил на Твитер.

Австрискиот огранок на Организацијата Репортери без граници вчера исто така го осудил апсењето на новинарите во Анкара.

Австриското министерство за надворешни работи соопштило дека дипломатите на новинарот му пружаат конзуларна помош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг