Британски паб ги исфрла француските и германските пијалаци од понудата

Макфакс

12/09/2018

18:30

1.187

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Џеј Ди Ведерспун“, која поседува синџир на пабови и која е основана од истакнат приврзаник на брегзитот, соопшти дека ќе прекине со продажба на француски и германски пијалаци и дека ќе ги замени со пијалаци од земји надвор од Европската Унија.

Компанијата навела дека од 26 септември повеќе нема да ги служи т.н. јегербомби шотови. Коњаците „Курвазје“ и „Хенеси“ ќе бидат заменети со марки од Велика Британија и Австралија.

Во 880 пабови кои припаѓаат на синџирот ќе биде забранета продажбата на францускиот шампањ и германското пченично пиво.

Претседателот на компанијата, Тим Мартин, рекол дека новите производи ќе бидат поевтини.

Фунтата изгуби повеќе од 10 отсто од вредноста во однос на еврото откако Британија одлучи да излезе од ЕУ во 2016 година, што доведе до поскапување на увозните производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг