Шекеринска: Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да има став дека нема став за референдумот

Макфакс

12/09/2018

18:25

1.036

Големина на фонт

а а а

Неодговорно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да има став дека нема став. Тоа е голем минус во пресрет на нашата историска шанса и историска одговорност, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на Кочани, во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, поврзана со референдумот.

„Ние ветивме и ние тоа што го ветивме го исполнивме. Обезбедивме покана од НАТО, обезбедивме почеток на преговори со ЕУ и ја донесовме одлуката сето тоа да помине преку референдум. ВМРО-ДПМНЕ сиве овие години ветуваше дека ќе гарантира референдум, ветуваше дека за ова прашање граѓаните мора да одлучуваат и сега кога тој референдум се случува, тие бегаат, се кријат и немаат став. Во политиката кога немате став, тоа значи дека немате аргументи, тоа значи дека немате право, тоа значи дека знаете дека сте на погрешната страна“, рече Шекеринска.

Министерката ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на повикот на еден дел од нивните основачи, на еден дел од советниците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористат оваа, како што рече, историска шанса да учествуваат на референдумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг