Словенија со поддршка за референдумот во Македонија

Макфакс

12/09/2018

18:19

1.373

Големина на фонт

а а а

Министерот во Владата задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, денеска имаше средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, и со претседателот на националното собрание на Словенија, Дејан Жидан.

На средбите, како што информираат од Владата, се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите во повеќето области од заемен интерес, интеграциските процеси на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во земјата, и тоа со посебен акцент за договорот меѓу Македонија и Грција и одржувањето на референдумот.

Двајцата соговорници, велат од Владата, дале силна поддршка на Република Македонија во процесот на евро-атлантските процеси констатирајќи дека Словенија на сите средби со претставниците на Европската Унија ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ и НАТО.

Пахор и Жидан исто така за време на средбите укажале и на одредени предизвици со кои Македонија ќе се соочи на патот кон интегративните процеси, со кои претходно и Република Словенија била соочена, но и се сложиле со тоа дека идното членство на земјата во ЕУ и НАТО претставува историска придобивка, но и голема обврска во наредниот период.

Разговорот на министерот Адеми со двајцата највисоки претставници од Република Словнија, додаваат од Владата, завршил со еден заеднички заклучок дека референдумот е од клучно историско значење за РМ во патот кон ЕУ и НАТО и друго повторување нема да има и тој треба да се поддржи и од опозицијата и позицијата и граѓаните на РМ.





Спонзорирани линкови

Маркетинг