Дел Пјеро го посочи главниот фаворит за титулата во ЛШ: Јувентус е во втор ред!

Дерби

12/09/2018

17:28

2.388

Големина на фонт

а а а

Алесандро Дел Пјеро веќе во неколку наврати истакна колку позитивно влијание ќе има трансферот на Кристијано Роналдо во неколку аспекти, а сега во последното интервју за „Газета дело Спорт“, легендата на „старата дама“ ја спореди аквизицијата на Португалецот со најзвучниот трансфер во НБА лигата.

– Кристијано Роналдо ми се допаѓа премногу, неговиот карактер, неговата посветеност. Направивме зделка како Леброн Џејмс и ЛА Лејкерс, – порачува Дел Пјеро кој во продолжение од интервјуто се осврнува на најголемата цел на Јувентус во новата сезона, титулата во Лигата на шампионите.

Легендарниот Италијанец ги наброја главните фаворити за освојување на титулата, а Јувентус го смести во втората категорија на фаворити, веднаш зад Реал Мадрид на кого и натаму му дава предност во однос на останатите.

– Се уште гледам на Реал Мадрид како главен фаворит, дури и без Роналдо во тимот. После Реал, ќе кажам Јувентус, Манчестер Сити и ПСЖ, а во трет ред се Барселона, Баерн Минхен и Ливерпул. Јувентус оваа година ќе игра за освојување на Лигата на шампионите, – вели Дел Пјеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг