Колерата се шири и надвор од престолнината, забранети се собири: Повеќе од 3.000 заразени во Зимбабве, болеста веќе однела 21 живот

Точка

12/09/2018

17:35

1.561

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Зимбабве денес ги забранила сите јавни собири, за на тој начин да се стави крај на ширење на колерата, кој однела 21 живот во престолнината Хараре.

Владата на Зимбабве вчера прогласила вонредна состојба поради епидемијата на колера, пренела агенцијата "Reuters". 

Полицијата не навела до кога ќе биде на сила забраната за собири. Главниот операциски лидер Нелсон Чамиса планира во сабота да одржи протест и да се спротивстави на положувањето на заклетва на претседателот Емерсон Мнангагве, откако судот пресудил во корист на Мнангагве во спорот во врска со изборната победа.

Чамиса денес ги обиколил болниците во кои се згрижените заболените и повикал на соработка на градските здравствени службеници и владата.

Министерството за здравство на Зимбабве соопштило дека повеќе од 3.000 луѓе се заразени од колера и дека болеста се шири и надвор од престолнината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг