Антилопи, носорози, слонови и останати животни кои сме навикнати да ги гледаме на високи температури фотографирани се како уживаат во снегот откако во одредени делови на Јужна Африка падна снег за време на викендот.
Фотографиите од животните станаа вирален хит на социјалните мрежи, а Кити Виљоен ја забележала играта на слоновите во снегот во Снеуберг, што во превод значи Снежна планина, каде минатата седмица падна снег, пишува Гардиан.
Снежната покривка во некои краеви на оваа земја ги затвориле патиштата поради лизгање, а во некои делови температурите паднаа под нулата.
Се прогнозира дека снег ќе падне и во северниот, источниот и западниот дел на земјата за време на викендот, а се предвидува 25 сантиметри снежна покривка.
Најтешко погоден е Лесото каде две третини од територијата е под снег. Снегот не е реткост во некои делови на Јужна Африка за време на зимата, иако ова студено време доаѓа кон крајот на сезоната.