Уго Лорис се најде во незавидна ситуација во изминативе 10-тина дека и денеска одговараше пред судот во Англија порради возењето автомобил во алкохолизирана состојба, но во меѓувреме, пронајде начин како да се најде во фокусот и на спортски план со една изјава поврзана за најтешките напаѓачи со кои се соочил во кариерата.
Голманот на Тотенхем пред два месеци го доживеа најголемиот успех во кариерата со освојувањето на светската титула на мундијалот во Русија, но како што вели тој, најнезгодниот противник го имал неколку години претходно. Иако за свои ривали во досегашната кариера ги имаше и Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Лорис на врвот на најопасни напаѓачи го смести легендарниот Раул Гонзалес поради интелигенцијата и инстинктот за гол.
– Тешко е да се издвои само еден напаѓач, бидејќи се имам соочено со многу големи играчи. Сепак, највеќе го паметам Раул, играв против него и кога беше во Реал, и потоа во Шалке. Тој секогаш гледа во голманот, гледа на која позиција се наоѓа и според тоа се води секој негов потег. Неговата интелигенција ми остави посебен впечаток. После него доаѓаат Суарез, Меси и Кристијано, играчи кои нема потреба да ги опишувам. Своевремено, исто така многу паметен и незгоден напаѓач беше Паулета во ПСЖ, играв многу пати против него како член на Ница, – вели Лорис во интервјуто за „РМЦ Спорт“.