Асенсио со јасно барање до Реал: Не планирам до крајот на кариерата да играм…

Дерби

12/09/2018

19:04

4.118

Големина на фонт

а а а

Марко Асенсио брилјираше на вчерашниот меч против Хрватска на кој испрати две „торпеда“ кон голот на светскиот вицешампиоон во уверливата победа од 6:0, па со оваа партија само потврди дека се наоѓа во спектакуларна на почетокот на новата натпреварувачка сезона во која сега позначајна улога има и во Реал Мадрид.

Асенсио дефинитивно најмногу профитираше од заминувањето на Кристијано Роналдо и луѓето во Реал гледаат во него како на иден лидер, а говорејќи на оваа тема, феноменалниот офанзивен фудбалер призна дека во иднина би сакал да се види бројка на дресот која има посебно значење во историјата на клубот.

Марко во овој момент го поседува дресот со број 20, а иако во еден момент се чинеше дека тој е главен кандидат за наследување на „7-та“ на Роналдо, на крајот истата замина во посед на Маријано.

– Со Кристијано и без него во тимот, јас на секој меч пристапувам со иста страст и желба да си осигурам место во стартната постава, секогаш се обидувам да бидам што е можно поважен за тимот. Полека работите почнуваат да одат во таа насока, одлично ја започнав сезоната и работам добро. Промена на бројот? Не би сакал да ја завршам мојата кариера со бројот 20, со овој одговор мислам дека се е јасно. Сакам да го сменам бројот, но ќе видиме што ќе донесе иднината, – порачува Асенсио во интервјуто за магазинот „Паненка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг