Во угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу четири непознати лица.
Лицата по вербалната и физичка пресметка излегле надвор од објкетот во кој се наоѓале по што го скршиле стаклото на влезната врата.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници, бил приведен 39-годишен маж од Црна Гора, a се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и на другите лица, информираат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.