Британскиот глумец страствено го бодреше својот омилен тенисер: "Горд сум на мојот Новак!"

Точка

12/09/2018

15:54

4.184

Големина на фонт

а а а

Џерард е љубител на тенисот и често можеме да го забележиме на најважните тениски натпревари како го бодри својот омилен тенисер Новак Ѓоковиќ.

Холивудскиот глумец Џерард Батлер и неговата девојка, дизајнерката на ентериер Морган Браун моментално се во потрага на заеднички стан во Големото јаболко, а во паузите уживаат во заедничкото време. 


Така изминатиот викенд одлучиле да го поминат страствено навивајќи за омилениот играч на Џерард, ниту повеќе ниту помалку Новак Ѓоковиќ. Новак играше финале на US Open против тенисерот Мартин дел Потро и секако Ѓоковиќ го освои турнирот.


Парот постојано навиваше и внимателно го следеле секое движење на играта на Новак. После мечот, глумецот и тенисерот снимиле интересно видео во стилот на Џерард од филмот "300" извикувајќи ја познатата реченица "This Is Sparta".

"Многу сум горд на мојот Новак кој синоќа го освои US Open. Постојат само неколку борци како што е овој човек. Со години го инспирира Леонид па ова стана нашиот среќен борбен плач. Сè што можам да кажам е фала Богу што не играше против Енди Мареј", напиша 48 годишниот глумец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг