БЕСА започна со кампања за рефендумот, Касами порача граѓаните да гласаат „за“

Макфакс

12/09/2018

15:52

993

Големина на фонт

а а а

Претседателот од тетовското крило на Движењето Беса, Биљал Касами од општина Желино ја започна кампањата за референдумот каде оствари неколку средби со граѓаните на општината.

„Треба да придонесеме за референдумот да биде успешен бидејќи само како дел на НАТО и ЕУ, ќе може да ги смените животните услови, ќе може да имаме добра економија, квалитетно образование и напредно здравство“, порача Касами од Желино.

Тој додаде дека граѓаните треба да гласаат „за“ на референдумот, со цел да се обезбедат мир и безбедност, а истовремено да се каже Стоп на влијанието од анти-НАТО во Македонија.

На овие средби заедно со претседателот Биљал Касами беа и генералниот секретар и воедно шеф на штабoт за референдумот, Арјанит Хоџа, потпретседателите Абдуш Демири и Кастриот Реџепи, како и пратеничката Теута Биљали. На првиот ден од кампањата присуствуваше и градоначалникот на општина Желино од редовите на Движењето Беса, Блерим Сејдиу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг