Побрзи процесори, помала потрошувачка на енергија: Започнува нова ера за паметните часовници

Точка

12/09/2018

17:33

2.113

Големина на фонт

а а а

Непосредно пред Apple да ја претстави новата генерација на нивниот паметен часовник, од Qualcomm најавија нова платформа наменета за паметни часовници на која што ќе работат најголемиот дел од идните часовници во иднина.

Qualcomm на новата генерација на процесор – Snapdragon Wear 3100 работеше две години, па процесорот во комбинација со веќе претставениот оперативен систем за носиви уреди на Google – Wear OS, ќе донесе ново и многу подобро искуство на користење на тие уреди.

Новиот процесор е далеку помоќен од својот претходник, што секако значи дека перформансите на паметните часовници ќе бидат многу подобри, а истиот и доаѓа со „копроцесор“ кој ќе се погрижи за поголема заштеда на енергија.


Snapdragon Wear 3100 има подобро интегриран “NFC” за користење на сервиси како Android Pay и 4G поврзување, па може да се очекува се повеќе паметни часовници кои што ќе работат самостојно, односно нема да има потреба за поврзување со паметен телефон.

Како што соопштија од Qualcomm, новиот процесор ќе овозможи и подолго траење на батеријата. Во однос на претходните верзии, батеријата кај новите часовници со процесорот Snapdragon Wear 3100 би требало да трае од 4 до 12 часа активна работа повеќе, односно од 1,5 до 2,5 денови повеќе помеѓу полнење на батериите.


Според аналитичарите, најавата на Snapdragon Wear 3100, како и споменатата нова верзија на оперативниот систем на Google ќе ја означи новата ера на паметните часовници, па можеме да очекуваме се поголем број на нови часовници кои што ќе бидат помоќни и со поиздржлива батерија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг