Џемпер-фустаните ги носиме во секоја прилика оваа есен

Fashionel.mk

12/09/2018

15:33

3.122

Големина на фонт

а а а

Aко некое парче од есенскиот гардеробер може да го планираме за различни прилики, а истовремено е функционално и удобно, тогаш тоа е џемпер-фустанот.

Плетените фустани се неизбежен избор со оглед на тоа дека имаат практична примена во сечиј стил и соодветно може да ги комбинираме во различни прилики, а при тоа во нив се чувтствуваме и удобно и шик.


Поради овие карактерситики, џемпер-фустаните се едно од омилените парчиња што хармонично се вклопуваат во слоевитите комбинации што се особено актуелни во периодот на есен и зима. 


Со оглед на нивната попуарност сезонава, интересни модели на џемпер-фустани имаат речиси сите „high street" брендови, од такви со кратки ракави и длабоко V деколте, до макси фустани со странични шлицови. 

Направивме избор на неколку впечатливи модели што ќе бидат хит оваа сезона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг