Ал Келаифи: Јувентус е нашиот главен ривал

Точка

12/09/2018

16:01

1.242

Големина на фонт

а а а

Екипата на ПСЖ и оваа сезона има главна цел – освојување на титулата во најелитното европско клубско натпреварување, Лигата на шампионите.

Парижаните веќе неколку години се обидуваат да го освојат престижниот трофеј, а во клубот сега за главен конкурент го гледаат Јувентус, откако „Бјанконерите“ во летниот преоден рок се засилија со Кристијано Роналдо.

„Со Роналдо, Јувентус е нашиот прв конкурент во Европа“, изјави првиот човек на париски ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Инаку, во групната фаза ПСЖ ќе ги одмери силите со Ливерпул, Наполи и Црвена Звезда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг