Џердан Шаќири заедно со Гранит Џака предизвика голем скандал на Светското првенство кога го славеше голот против репрезентацијата на Србија со покажување на двоглавиот орел, иако игра за друга репрезентација.
Со оглед на тоа што со неговиот Ливерпул ќе треба да дојде во Белград на дуелот против Црвена Звезда, многумина сметаат дека офанзивецот на „Редси“ ќе го пропушти дуелот во Србија поради пеколниот дочек кој му го подготвуваат навивачите на српскиот тим.
„Секако дека ќе дојдам во Белград. Таму ќе отпатувам сосема нормално да играм фудбал. Не се плашам од никого, ниту дозволувам било што да ме исплаши“, изјави Џердан Шаќири.
Натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Ливерпул се игра на 6-ти ноември на стадионот „Рајко Митиќ“, а сите билети веќе се распродадени.