Волф: Патеката треба да им одговара на Ферари

КРУГ.МК

12/09/2018

14:47

1.550

Големина на фонт

а а а

Тото Волф се подготвува за тежок викенд во Сингапур и признава дека патеката повеќе им одговара на нивните ривали Ферари, иако лани борбата беше избегната поради глупоста на Фетел и Раиконен на стартот по кој се елиминираа еден со друг.

Разликата помеѓу Хамилтон и Фетел во моментов е 30 поени во корист на актуелниот првк. Иако “сребрените“ беа добри последниот тркачки викенд на домашен терен на Ферари, свесни се дека претстои тешка трка.

„Резултатот во Италија беше одлична награда на сите во тимот кој работеа неуморно за да ги подобрат перформансите. Сингапур од друга страна е трка на која се мачевме во минатото. Марина Беј има куси правци, бавни и тесни кривини и нерамна подлога која ја прави патеката една од најтешките на календарот“.

Оваа патека “му чежи“ на Себастијан Фетел кој до сега победил таму дури четири пати, повеќе од било кој друг возач, а Хамилтон има три триумфи.

„Во 2015 година имавме едно од најтешките искуства во последните години, а лани почнавме од третиот ред, но завршивме со победа и трето место. На хартија, патеката треба да им одговара на Ферари, но борбата за титула е многу блиска и се е непредвидливо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг