Пронајдени работите на мистериозно исчезнатиот соработник на Асанж: Од него ни трага ни глас, излегол од хотел и му се изгубила секаква трага

Точка

12/09/2018

14:40

1.421

Големина на фонт

а а а

Личните работи на Холанѓанецот, соработник на Викиликс, кој мистериозно исчезнал во Норвешка пред три недели, се пронајдени на еден фјорд, соопштила денес норвешката полиција.

Како што се наведува, еден рибар ги пронашол предметите како пловат по водата, за кои полицијата е сигурна дека му припаѓаат на исчезнатиот Арјен Камфејс, но не е откриено за кои предмети станува збор поради истрагата. 

Камфејс е опишан како 47-годишен експерт за сајбер безбедност, соработник на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Тој последен пат бил виден на 20. август како го напушта својот хотел во местото Боде на северот на Норвешка додека бил на одмор.

Тоа исчезнување кое Викиликс го опишал како чудно, поттикнало разни теории на заговор преку социјалните мрежи.

Полицијата уште работи со три можни претпоставки - своеволно исчезнување, самоубиство, несреќен случај или криминален чин.

"Не напредувавме доволно во истрагата за да можеле да исклучиме или потврдиме една од овие теории. Ги чуваме сите можности отворени", рекол инспекторот Бјарт Вала.

Тој рекол дека полицијата и спасувачите ја пребарале зоната каде биле пронајдени работите.

Според инспекторите Холанѓанецот изгледа отпатувал со воз кој ги поврзува Бодо и Рогнан на 20. август.

Викиликс наведува дека тој имал карта за лет на 22. август од Трондхајм, на кој не се качил.

Во понеделникот два холандски инспектори пристигнале во Боде да им помогнат на своите норвешки колеги во потрагата по исчезнатиот човек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг