Во Јапонија е потполно прифатливо да задремете на работното место, но постојат правила како да го правите тоа

Точка

12/09/2018

14:20

2.932

Големина на фонт

а а а

Доколку ја барате работата од соништата, размислете за селидба во Јапонија бидејќи токму таму дремката на работното место е потполно прифатлива.

Јапонците за тоа дури имаат и израз - "инемури" што значи "присутен додека спие". Оваа пракса е воведена поради долгите работни часа во Јапонија и фактот дека луѓето во оваа земја во просек спијат само шест часа. 

Спиењето во канцеларија започнало во текот на повоениот економски бум, кога луѓето работеле на обнова на земјата.

Гледање луѓе како спијат додека патуваат до работното место или дремат во текот на состаноците стана вообичаена слика во Јапонија. Меѓутоа, за "инемурите" важат одредени правила.

"Доколку сте нови во компанијата и сакате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, доколку имате 40 или 50 години, можете слободно да дремете. Колку повисоко сте на општествената скала, толку повеќе ви е дозволено да спиете на работа", изјавил д-р Бриџит Стигер која е специјализирана во јапонската култура.


Дури и кога на лицето му е дозволено да дремне на работното место, правилата налагаат работниците да бидат спремни да се вклучат во секој разговор кога тоа е потребно, и тоа во истата секунда.

"Вашето тело треба да се преправа дека е активно на состаноците. Не смеете да спиете под масата или нешто слично. Треба да седите во исправена положба, со спуштена глава", додала Стигер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг