Невидени снимки направени зад кулисите: Еве што прави рускиот претседател пред важните разговори

Точка

12/09/2018

14:13

3.130

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин е снимен како се подготвува за состанокот со неговиот кинески колега, Си Џинпинг.

На снимката може да се види како рускиот претседател ја проучува програмата на предстојниот состанок, неколку минути пред да пристигне Си Џинпинг. Според руските медиуми, Путин, после состанокот го одвел Џинпинг на палачинки, а тоа најдобро го отсликува добриот однос помеѓу двајцата лидери.

Путин и Си јаделе палачинки со кавијар и вотка на изложбата на маргините на економскиот форум во Владивосток, град на далечниот исток на Русија.

Инаку, Путин неодамна откри дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер кој еднаш го повикал на роденден. Со оглед на тоа што Си го обожувал рускиот сладолед, Путин секогаш му носел по неколку кутии кога се среќавале во странство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг